ОД ВАС ЗАВИСИ
И еве, пак ќе речам – и да го смениме Уставот, па што?. Кога не сме го смениле, ако тоа го барала ЕУ од нас? Нашата болка не е евроинтеграцијата да зависи од нас. Нашата болка е нашето членство во ЕУ да не зависи од Бугарија. Како тоа не им е јасно и на нашава влада и на сите оние европски тројки министри што ни доаѓаат и веројатно уште ќе доаѓаат да нè убедуваат да го смениме Уставот? Многу лежерно си го изговараат она „од вас зависи“, а всушност многу добро знаат дека не зависи од нас. Од нив зависи. Ако се искрени во тоа што го зборуваат и не ни продаваат пуфки дека навистина сакаат проширување на ЕУ, нека си ја приберат Бугарија за да престане да нè дестабилизира.
И еве, пак ќе речам – и да го смениме Уставот. Проблем ли било да се менува Устав? Ама ако ЕУ, па и САД кои го поддржаа оној несреќен француски предлог допуштат Бугарија да има уште барања и по внесувањето на Бугарите во Преамбулата, тоа ќе значи братоубиствена војна кај нас во вистинска смисла. Оваа омраза меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, поттикната уште и со јакнењето на проруската Левица и арогантниот башибозук на ДУИ, кои ако ги обвиниш дека крадат ќе те направат албанофоб, нема да излезе на арно. Особено што ВМРО веќе си се гледа како победник на изборите и прави списоци. Па ние еднаш веќе имавме организиран напад на Собранието. Уште Никола Груевски го есапат за политичар на кого му мерат рејтинг на анкети. Па уште и ако Албанија ги почне преговорите, а ние не… Оти Албаниј демек заслужила, а ние не… Ете, до толку зависи од нас. И од Копехашките критериуми на ЕУ.
А бе, ајде…
Целата колумна на Горан Михајловски на СДК МК






