Славески до клиентите на „Алта банка“: Кредитите редовно да се отплаќаат
Граѓаните и компаниите кои имаат кредити во „Алта банка“ АД Битола треба да продолжат навремено да ги исполнуваат своите финансиски обврски, и покрај воведената привремена администрација.
Ова го порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, нагласувајќи дека мерките се насочени кон заштита на имотот на банката и интересите на штедачите.
Воведувањето администрација не значи прекин на кредитните обврски, а банката продолжува да функционира под привремено управување на лица назначени од Народната банка.





