Аркин Јахији од НАИ е новиот градоначалник на Брвеница

 

Кандидатот на Националната алијанса за интеграција, Аркин Јахији, предводена од ДУИ, е победник на вонредните избори за градоначалник во Општина Брвеница.

Тој освоил 4.379 гласови, а кандидатот Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, освоил 4.178 гласови, дознава Плусинфо.

Според пребројаните гласови, имало 203 неважечки ливчиња.

На вториот груг од гласањето излезноста беше поголема за околу 10 % во однос на првиот круг.

Back to top button
Close