Во хотел на Бит Пазар починал 87-годишник од Турција

МВР информира дека денеска во 05.15 часот во Полициската станица Бит Пазар, од Итна медицинска помош било пријавено дека во хотел на бул. „Крсте Мисирков“ бил пронајден починат Д.Т.(87) од Република Турција.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Увид на местото извршила екипа од СВР-Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција

Back to top button
Close