Русковска: Се интензивира истрагата за „Империја“.

Обвинителката Вилма Русковска денеска откри дека се интензивира истрагата за случајот „Империја“.

-Предметот е даден на вештачење. Ќе се изврши материјално-финансиско вештачење на предметот. Има да се сослушаат уште неколку сведоци, но тие паралелно, додека тече вештачењето, ќе бидат сослушани. За овие сведоци колешките сметаат дека се неопходни, истакна Русковска.

Овој предмет го отвори СЈО, а меѓу осомничените е и бизнисменото Орце Камчев, сведокот од „Рекет“. Двата случаи се тесно повразни, бидејќи според обвинението на Русковска, тој на Бојан Јовановски и Катица Јанева им дал 1,5 милиони евра, за да го спасат од кривичниот прогон за „Империја“.

Back to top button
Close