Соседите раскажуваат за Драган Николиќ и Милена Дравиќ: Беа културни и прекрасни соседи. Некогаш им пречеше вниманието на луѓето околу

Легендарната актерска двојка Драган Николиќ и Милена Дравиќ летуваа во својата вила во Баошиќи, каде ја изградија својата оаза на мирот. Некои мештани тврдат дека куќата е продадена, а други велат дека ја наследиле нивните роднини.

– Добро ги паметиме, бидејќи кој не би се сетил на комшиите како Драган и Милена?! Честопати ги гледавме овде летово, многу го сакаа Баошиќ. Ги имаа истите навики како мештаните и не сакаа да отстапуваат од околината. Милена знаеше да стане рано, сакаше да оди на плажа кога немаше многу луѓе. Сакаше да плива и беше во вода со часови. И двајцата беа скромни и не оставаа впечаток на големи ѕвезди. Но, се знаеше дека луѓето ги вознемируваат за време на одморот, ги запираат на улица, ги испрашуваат, мислам дека тоа им пречеше. Не им беше проблем да се сликаат, но луѓето знаеја да бидат напорни, да ги држат во разговор – низ насмевка се присети еден од соседите и додаде дека Драган сакал да пие кафе и да чита весници на мир на терасата.

– Со сестра ми бевме мали кога дојдоа Милена и Драган, но знаеме дека нашите родители беа пријатели со нив и дека беа навистина прекрасни луѓе. Сакаа мир, барем така ни кажаа мама и тато, затоа често се капеа и седеа пред нашата куќа. Има една дива и мала плажа која е скриена од очите на луѓето со зеленило, а и двајцата сакааа да одаат таму. Нашите родители многу ги сакаа. Жал ми е што не се тука сега да ви кажат какви биле навистина. Би биле многу среќни да зборуваат за нив, бидејќи беа навистина прекрасни – вели една од соседите која била мала кога Драган и Милена дошле во Баошиќи.

– Сите соседи можат да потврдат дека беа големи луѓе. Знам дека нашите родители беа воодушевени од нив затоа што беа нормални и покрај нивната слава и популарност – додава соседот.

Некои мештани тврдат дека нивните роднини го наследиле имотот во Баошиќи и го задржале, а други тврдат дека го продале годинава.

Да потсетиме, Милена Дравиќ и Драган Николиќ голем дел од животот го поминаа во Црна Гора во Роса. Но, после 20 години ја продале таа куќа и купиле друга, но во Баошиќи.

извор

Back to top button
Close