ЈПДП: Од 18 септември времен режим на сообраќајот на десната страна од тунелот во правец Блаце – Скопје

Времен режим на сообраќајот на десната страна од тунелот, правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот, ќе се воспостави од понеделник, 18 септември, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Сообраќајот, како што е наведено во соопштението од ЈПДП, ќе се одвива со наизменично пропуштање на возилата и ќе има соодветна светлосна сигнализација.

ЈПДП апелира да се почитува времениот режим и поставената сообраќајна сигнализација за да не се доведуваат во опасност учесниците на сообраќајот

Back to top button
Close