Во Србија од почетокот на годинава 12 лица го промениле полот
Од почетокот на годинава 12 лица во Србија направиле хируршка промена на полот на сметка на здравственото осигурување, а уште 10 чекаат операција, јави дописникот на МИА од Белград.
Во Србија во моментов не е можно административно да се изврши промена на полот само врз основа на декларација, како во Белгија, Шпанија, Ирска, Луксембург и Данска, и за тоа е неопходна операција, пишуваат „Новости“.
Мирослав Ѓорѓевиќ, професор на Медицинскиот факултет во Белград, кој е хирург во областа на промената на полот, за овој весник рече дека во Србија самиот процес на промена на полот трае од две до две и пол години.
Тој објасни дека евалуацијата на пациентите кај психијатри трае меѓу една и две години, а потоа пациентот го започнува „вистинскиот живот“ на полот кон кој цели со користење на хормонска терапија.