Вучиќ: Тежок ден во Брисел
Претседателот на Србија Александар Вучиќ, оцени дека денешните преговори во Брисел со премиерот на Косово Албин Курти и високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, биле тешки.
Според него, разговорите се одржале „во речиси невозможни услови“.
„Не беше лесен ден во Брисел. Во тешки и речиси невозможни услови, една неуспешна средба“, вели Вучиќ во видеото кое го објави на својот Инстаграм профил.