Дафина Стојаноска: Конечно се закажува втор ден за надзорната расправа за Алта банка, јавноста ја заслужува вистината!

„Конечно, се закажува втор ден за надзорната расправа за АЛТА БАНКА… Замислете, толку „итно” беше ова прашање, што дури после 10 дена ја свикаа првата, а за после две недели од првата – и втората сесија од надзорната“ напиша на Фејсбук пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

Според неа, „Толку од сериозноста на темава и сериозноста на опозицијата“.

„Инаку, да, буџетот е во тек сега, но токму заради тоа ние инсистиравме, замолувавме и повикувавме надзорната што побрзо да почне и што побрзо да заврши. Сами себе се демантираат и навистина не знаат кај тераат. Некој ќе каже: седете си раат со слаба опозиција. За жал, не е добро ова ниту за власта, ниту за државата. Но, тоа е што е. Следна среда… со нови сведоци и нови прашања и разобличувања“ пишува Стојаноска.

Back to top button
Close