Амбасадорката на САД во Москва го посети во затвор новинарот Еван Гершкович
Амбасадорката на САД во Русија Лин Трејси денеска го посети новинарот на Волстрит џурнал Еван Гершкович во московски затвор, соопшти Амбасадата, додека тој се подготвува да поднесе нова жалба следната недела против неговиот истражен притвор поради обвинение за шпионажа.
Тој е силен и ги следи вестите, вклучително и појавувањето на неговите родители во Обединетите нации оваа недела, соопшти амбасадата на X (Твитер).
Гершкович беше уапсен на 29 март во Екатеринбург под обвинение за шпионажа, што се казнува со затворска казна до 20 години.
Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков потврди дека Русија го одобрила конзуларното барање за посета на Гершкович, кој ги негира сите обвиненија.