Во Албанија за една недела повеќе од 900 потврдени позитивни случаи со Ковид
Во Албанија се зголемува бројот на заразени со коронавирус и според Институтот за јавно здравје позитивен резултат е добиен кај 40 отсто од тестираните.
– Само во последната недела во Албанија се направени 2.000 тестови за Ковид-19, а речиси половина, односно над 900 се позитивни. Пациентите со денови се соочуваат со зашеметеност, болки во грлото, кашлица, треска и замор, изјавила Еугена Томини директорка на Институтот.
Според неа летната сезона и доаѓањето на голем број туристи и емигранти во Албанија ги зголемиле случаите со коронавирус.
Препорачува доколку граѓаните ги почувствуваат овие симптоми веднаш да направат брз тест за Ковид.
– Изминатата недела 40 отсто од пациентите кои го направиле брзиот тест се потврдило дека се заразени од Ковид-19. Позитивните случаи во овој период се многу повисоки од официјалните бројки бидејќи не се тестираат сите кои имаат симптоми. Враќањето на децата на училиште и температурните промени се очекува да ги зголемат случаите на Ковид, покрај другите вируси кои циркулираат, посочува таа.
Сепак, според Томини, ситуацијата не е загрижувачка. Ковид-19 ја намали својата агресивност и болеста во оваа сезона наликува на блага состојба на грип