Камерите на кардиохирургија ќе откријат кој тепал а кој бил натепан во докторскиот клинч?
Вчерашниот инцидент на државната клиника за кардиохирургија остави неубава слика во јавноста пред се затоа што во тепачката инволвирани се бившиот директор, медицинска сестра и актуелниот директор на клиниката.
За инцидентот се огласи министерството за здравство и прстот го впери во доскорешниот директор др. Јовески дека тој бил тепачот а и МВР врз основа на пријава го посочи него.
Тој пак преку медиумите се огласи дека бил жртва, не нападнал тој, немало тепачка но од инцидентот добил стрес и откако се вратил од полициска станица каде се самопријавил, се хоспитализирал оти му било лошо и го болело окото кое го удрил од како што изјавил од лупите на новиот директор др. Марјан Шокароски.
Вчера актуелниот директор Шокаровски одбиваше изјава за медиуми во како што рече интерес на истрагата. Нема да коментирам ништо за инцидентот вели и денеска Шотаровски додавајки дека истражните органи ги имаат снимките од камерите на кои е снимен инцидентот и изјавите на нападнатите и дека во интерес на клиниката и пациентите останува на ставот да не коментира. Смената од директорската функција пред неколку месеци сега веќе бившиот директор др.Јовев одбиваше да ја прифати, се појави на повеќе медиуми со напади на министерот а подоцна и на новопоставениот директор на кардиохирургија. Вчерапниот инцидент е финале на неговото гласно несогласување со одлуката на министерот Меџити да ја напушти директорската позиција а да продолжи како професор на факултетот и кардиохирург на клиниката.