Вељаноски: И по 3,5 години се уште немаме закон за вонредна состојба
Поранешниот спикер Трајко Вељаноски вели дека и по 3,5 години, државата се уште нема закон за вонредна состојба. Со оглед дека идната година ќе имаме парламентарни и претседателски избори, според Вељаноски, потребен е тој закон.
„Идната година ќе имаме претседателски и парламентарни избори! Нема никаква оправданост економска, политичка во текот на една година да имаме избори во различно време, па следствено на тоа, јасно е дека во исто време ќе се одржат и претседателски и парламентарни избори. Но, за да се исполни тој услов потребно е да има предвремени парламентарни избори, а за да се оствари тоа потребно е да са распушти Собранието 60 дена пред одржување на изборите. Следствено на тоа во времето кога Собранието е распуштено може да се јави потреба да се воведе вонредна состојба како што беше со пандемијата во 2020 година“, пишува поранешниот претседател на Собранието.
– Advertisements –
Тој додава дека не се научени лекциите од 2020 година кога претседателот воведе вонредна состојба, во услови кога Собранието беше распуштено, а немавме закон за вонредна состојба во кој се прецизирани уставните обврски на институциите и се пополнети правните празнини во непредвидени ситуации.
„Тогаш сите политички фактори тоа го сметаа за најголем недостаток и си земаа за задача во новиот парламентарен и владин состав тоа прашање под итно да го решат за да има јасна законска процедура за идни случаи“, вели Вељаноски