Зеленски ги посети војниците во близина на Купјанск и Лиман

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека ги посетил украинските војници на одредени локации во близина на градовите Купјанск и Лиман.

– Во посета сме на нашите бригади кои извршуваат борбени задачи во едно од најжешките подрачја – Купјанско-лиманскиот регион, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Тој додаде дека разговарал за оперативната ситуација и други прашања со командантите на бригадата.

Министерството за одбрана на Русија претходно денеска соопшти дека единиците на борбената група Запад на нејзината армија, со поддршка на авиони и артилерија, нанеле удари на персонал и опрема на четири локации во купјанскиот регион. ј

Back to top button
Close