Трамп ја откажа конвенцијата на Флорида

Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа конвенцијата на Републиканската партија во Флорида, што требаше да се одржи следниот месец поради пандемијата на новиот коронавирус.

– Не е време за тоа, нагласи Трамп и додаде дека ќе одржи говор, но во поинаква форма.

На брифинг во Белата куќа тој рече дека главната причина за таквата одлука е безбедноста.

Бројот на заразените во САД е веќе над четири милиони.

Шерифот на  Џексонвил предупреди претходно оваа недела дека градот не е подготвен за таков собир.

Настанот првично требаше да се одржи во Шарлот, Северна Каролина, но беше преместен откако таа држава воведе мерки за физичко дистанцирање.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close