Курир рс: Цеца пееше на свадбата на македонскиот„ тајкун“

Поранешниот шеф на ДБК Сашо Мијалков вечерва во неговиот хотел Мериот го жени постариот син Јордан.

Свадбата Мијалков ја прави во време кога издржува казна во затворот во Струга за злоупотреби од времето кога беше најмоќен човек во државата заедно со неговиот братучед екс премиерот Груевски кој е во бегство во Будимпшта кај Орбан

Според медиумите на свадбата гостите ги забавуваат српските фолк ѕвезди Цеца Ражњатовиќ Аца Лукас Милица Павловиќ и други. .

Светлана Цеца Ражнатовиќ е специјална музичка гостинка на гала свадбата

Цеца особено ги воодушеви гостите кога го отпеа хитот Македонско девојче.

Како што наведува српски Курир, таткото на младоженецот сакал венчавката да се одржи во Македонија, иако младенците живеат во вилата во Монако.

Хотелот Мериот е во сопственост на Мијалков а свадбата е во салата која за оваа пригода е луксузно украсена а е подновена со кристални лустери.

Инаку црковната венчавка на младите кои имаат и 1 годишна ќеркичка била пред некој ден во Бигорскиот манастир.

Дел од атмосферата на свадбата може да ја погледнете на следниот линк

Back to top button
Close