Спасовски : Моментално немаме индиции за зголемување на мигрантскиот бран по ескалацијата на судирите на Блискиост Исток

Во моментот немаме индиции дека може да дојде до зголемување на мигрантски бран или обиди за влегувањето на територијата на нашата држава, истакна министерот за внтрешни работи Оливер Спасовски прашан во интерву за МИА дали има опасност балканската рута да донесе радикални и терористички закани за Северна Македонија, особено по последната ескалација на судирите на Блискиот Исток.

Спасовски потсети дека границата од април годинава се обезбедува заедно со полициските службеници од Фронтекс и дека во споредба со изминатиот ист период лани, има намалување за 50 проценти од илегално влегување во државава.

-Тоа укажува дека не само што има добра поставеност на границата, туку и во внатрешноста на државата, ја прави земјава неатрактивна за преминување на мигрантите. Имаме ефикасност во откривачката дејност за криумчарењето на мигрантите, меѓутоа постапката и тука се гледа дека имаме пад во однос на минатата година и уште еднаш потврдувам за посветеноста која што ја има граничната полиција на Северна Македонија во зачувувањето на мирот и на стабилнота, нагласи Спасовски

null

Тој порача дека сите состојби ќе се следат, и дека  импликациите врз безбедноста можат да бидат реални, не само за случувањата на Блискиот Исток, туку и во опкружувањето.

Министерот во интервјуто за МИА потсети дека сериозен безбедносен предизвик како и економски беше големиот миграциски  бран што ни се случуваше 2015, 2016 година, но нагласи дека и руската инвазија врз Украина исто така создала можност за нови миграциски текови.

Тој вели дека сега војната во Израел и на палестинските териории исто така создава можности за нови миграциски текови.

-И затоа сме обврзани ние како безбедносни структури, служби итн. да правиме анализа на дневна основа, се со цел да се сочуваат мирот и стабилноста и спокојот на граѓаните. И тоа го работиме, вели Спасовски во интервјуто за МИА.

null

Министерот ја потенцираше забелешката на ЕУ која беше потврдена и на Министерскиот Форум на ЕУ за безбедност и правда во Скопје дека Северна Македонија е добро поставена во однос на мигрантската криза и евентуални илегални влегувања на територијата на државата, а дополнително, како што рече, заради тоа што имаме и оперативен договор со Фронтекс од април годинава. 

Back to top button
Close