Медиуми: Јувентус го продолжи договорот со “обложувачот” Фаџиоли
Повеќето италијански медиуми објавија денеска дека Јувентус договорил продолжување на соработката со својот 22-годишен играч за врска Николо Фаџиоли, кој се најде во центарот на скандалот со спортско обложување што оваа есен го тресе калчо фудбалот.
Фаџиоли неодамна беше суспендиран на седум месеци, откако ја потврди вистинитоста на обвинението поврзано со спортско обложување, но доби помала казна бидејќи соработуваше со истражните тела.
Италијанскиот фудбалер имаше важечки договор со Јувентус до јуни 2026 година, кој, според медиумите, сега е продолжен до јуни 2028.
Јувентус застана на страна на својот фудбалер и покрај неговата вмешаност во скандалот, и Фаџиоли и натаму редовно тренира со екипата од Торино