Битиќи: Поголем дел од антикризните мерки ќе отидат кај пензионерите

Сметам дека на најранливите категории на граѓани треба да им се помогне, гарантираните цени исто така ќе треба да помогнат, како и напорите за зголемување на платите, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи за емисијата Македонија наутро“ на МТВ.

Тој нагласи дека во државата конечно треба да се напушти концептот на евтиното продавање на работната сила и да се зборува за достоинствени плати за работното место каде што секој еден работи.

Back to top button
Close