Анчелоти за 5:1 со Валенсија: Најдобриот натпревар на Реал оваа сезона

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е задоволен од изданието на неговите избраници на синоќешниот натпревар со Валенсија (5:1).

Италијанскиот фудбалски стручњак ги истакна настапите на Винисиус Жуниор и Родриго. Двајцата постигнаа по два гола во 13. коло од Ла Лига.

– Ова беше нашиот најдобар натпревар во тековната сезона. Валенсија не го покажа најдоброто ниво бидејќи одигравме многу добро. Освен во првите минути, натпреварот беше перфектен. Винисиус и Родриго се вратија на своите најдобри нивоа. Им требаше време и на последните два натпревара се претставија многу добро, играјќи исклучително добро. Можеме да кажеме дека се вратија во игра. Се согласувам дека ова беше најдобрата игра на Винисиус. Но, најмногу сакам да ги оценувам не индивидуалните, туку колективните напори. И денес сите направија добро, изјави главниот тренер на мадридскиот клуб.

Реал Мадрид е втор на табелата со 32 бода, два помалку од лидерот Џирона. 

Back to top button
Close