НИШ ЕКСПРЕС
Ако некому сè уште не му било јасно како корупцијата ги загрозува нашите животи, и тоа буквално, еве го примерот со продажбата на државно земјиште за изградба на 17-катница во болничкиот комплекс кај болницата „8 Септември“ во Скопје, речиси во дворот на Поликлиниката „Букурешт“ на локација што во минатото се корисела како болнички хелиодром за итни случаи, спасување и трагање.
Да блокираш пристап до државна здравствена инфраструктура со приватна зградурина од 400 стана и дуќани, не значи дека чавки ти го зеле умот, туку значи дека си длабоко корумпиран и дека те интересира само сегашниот момент, да заграбиш што повеќе додека си на власт. Како ли само добија идеја дека ова државно земјиште меѓу болница и поликлиника треба да се даде на продажба? Овој случај е најдобар пример на корупција од централна до локална власт, од градоначалник, општински Совет, општинска администрација, Влада со повеќе министерства па сѐ до Конзерваторски центар, и тоа во континуитет на повеќе влади, од ВМРО, СДСМ, ДУИ сосе нивните сателити.
Вистинско злосторничко здружение.
Уште просторот околу „8 Септември“ остана колку-толку пристапен за спас по големи катастрофи и масовни несреќи, а сме ги имале изминативе триесет години, и авионски несреќи и автобуски несреќи и поплави и војни. Ќе го изгубиме и тој простор. Зошто? За едно станче? За две станчиња? За дуќанче? За спас на коалицијата? Зошто? Сите губиме пристап до болница. Зошто? Зошто требало да се искешира моментот додека си на власт.
Целата колумна на Горан Михајловски на СДК МК






