Млад пешак прегазен синоќа на „Партизанска“, возачот избегал
Тешко повреден млад пешак во Скопје, возачот избега.
Како што соопшти полицијата, вчера во 21.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, патничко возило удрило во С.П.(21) од Скопје и го напуштило местото.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.