Велешанецот Жежовски должел 500 евра на еден од осомничените. Убиен е за да му го украдат возилото
Велешанецот Панче Жежовски со едниот од осомничените имал должничко доверителски однос, односно должел 500 евра.

– Панче веројатно е земен како жртва за да се земе колата за да се изврши грабнувањето на Вања и да се заврши целокупниот криминален потфат – рече обвинителот Гаврил Бубевски одговарајќи на новинарско прашање на прес конфернеција.
Организираноста на групата ќе се испитува дополнително, сега за сега дејствијата се соизвршителски, едно дејство без друго не може.






