(ВИДЕО) Видевски, осомничен за убиството на Вања прашан: „Лесно ли беше да го совладате 14-годишното девојче?“
Велешанецот Боре Видевски, кој е осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и призна вина, е спроведен пред судија на претходна постапка. Тој во придружба на затворската полиција е донесен во Кривичен суд. Нему треба да му се продолжи 48-часовниот притвор кој му беше одреден завчера.