Нов газда на конфискуван стан на Мијалков во елитниот комплекс “Горица“ во Охрид за 1300 евра за квадрат е бизнисменот Беким Земоски
![Беким (1)](https://fokus.mk/wp-content/uploads/2023/12/Bekim-1.jpg)
Во септември годинава Агенцијата за управување со одземен имот продаде два стана на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, кои беа конфискувани во предметот ,,Империја”. Новите сопственици се чуваа како тајна, но ,,Фокус”, дозна во чии раце завршил еден од становите во Горица, Охрид. Деновиве е направена промена на сопственоста на станот во Катастар, па наместо Република Северна Македонија, сега го пишува името на Беким Земоски од Охрид.
Со мало пребарување се доаѓа до податоци од комерцијални текстови дека Земоски е успешен бизнисмен, односно е сопственик на консталтинг компанијата Де-Инвест, која уште од 2007 година соработува со голем број реномирани интернационлани клиенти ексклузивно застапувајќи ги во настапот на меѓународни пазари.
Неговото име се споменуваше и во аферата ,,Маџар Телеком”, но тој ги демантираше обвинувањата.
Поточно, поранешниот разузнувач Слободан Богоески, обвини дека Земоски е лицето кое ги трансферирало парите во скандалот со „Маѓар телеком“. Бизнисменот пак се закани со тужба за клевета.
Станот кој го купи бизнисменот е со квадратура од 114 метри квадратни и е сместен во елитниот комплекс на една од плажите „Горица“ во Охрид.
Сумата која ја уплатил новиот сопственик на станот на сметка на државата е 146.400 евра, или по 1.300 евра за квадрат.
Кој е Земоски на фокус мк