Арсовска: Во држава во која се краде, се товарат со хидроцентрали, тема е елката. Догодина ќе ја китиме од септември

Како ќе оправдаат после мандатот, кога ќе треба да платат 300.000 евра за украсување за Нова година? Над 2 милиони евра земале изминативе години.

Сега по јавен повик, украсувањето чини 30.000 евра. Ние славиме Божиќ на 7-ми јануари, секоја година во исто време. Јас им ветувам на граѓаните дека следна година од 20-ти септември ќе почнеме да украсуваме, за да биде навремено и да не се чувствуваат дека не сме почнале на време, изјави синоќа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска откако во претходниот период беше на удар на критики од јавноста поради украсувањето на градот.

Меѓутоа, во држава во која се се краде, му се цица крвта на народот, тоа не е тема, се товарат со хидроцентрали и тоа не е тема, туку елката на плоштад.

Според неа, во земјава има посериозни проблеми како „крадење 30 години, приватизација, бркање илјадници луѓе од работа, тоа не е тема на разговор тоа што секој ден му ја цицаат крвта на народот, ама тема била елката зошто била 30 илјади евра“.

За мене поважно е сите овие ранливи категории на кои им овозможуваме цела година да имаат топол оброк, да има каде да преспијат, купивме две возила кои со години не биле купени со кои се транспортираат лица со физички попречености.

Секој ден одбирам да помогнеме на тие луѓе, наместо да имаме елка од 300.000 евра и пак имаме елка и не една, туку шест елки, рече Арсовска и напомена дека голем дел од парите за украсувањето претходно завршувале кај кумот на Шилегов.

Back to top button
Close