Меѓу жртвите во Прага нема странци, напаѓачот влегол на факултетот со торба полна оружје
Во вооружениот напад во Прага каде 24-годишeн студент на Филозофскиот факултет вчера попладне отвори оган од пушка, загинаа најмалку 13 студенти и вработени во факултетот, а меѓу нив нема странци. Напаѓачот се самоубил, објави министерот за внатрешни работи на Чешка Вит Ракушан.

Меѓу 25-те повредени има двајца државјани на Обединетите Арапски Емирати и еден од Холандија, прецизираше денеска чешката полиција.
„Полицијата веќе го знае идентитетот на сите 14 загинати по вчерашното пукање. Има 13 жртви и самиот напаѓач. Меѓу загинатите нема странци“, изјави Ракушан за јавната чешка телевизија.
Повеќето од повредените, од кои десет се здобиле со тешки повреди, се во стабилна состојба, само еден е во критична состојба, соопштија портпаролите на неколку болници во кои се пренесени повредените.
Дејвид К. од селото Хостуњ кај Прага, незабележителен и повлечен, добар студент по историја на Филозофскиот факултет на Универзитетот Карлов во Прага, од пристојно семејство, имал дозвола за носење на околу седум парчиња огнено оружје, меѓу кои и А.Р.-15 пушка во цивилна верзија, која ја употреби во нападот.
Полицијата соопшти дека во зградата на факултетот се пронајдени повеќе парчиња огнено оружје и многу муниција, кои Дејвид К. ги внесол во зградата во поголема торба, што не привлекло внимание, бидејќи многу студенти не се од Прага и понекогаш доаѓаат на предавања со куфери и кеси.
Полицијата објави видео од акцијата во која напаѓачот беше опколен






