Арсовска со Дедо Мраз ги чека резултатите од истрагата на финансиска полиција

Откако денеска инспектори на Управата за финансиска полиција влегоа во Град Скопје, за да истражат како Данела Арсовска потрошила 30.000 евра за украсувње, градоначалничката објави коментар на фејсбук.
-Во исчекување на резултатите од истрагата за елката…, напиша Арсовска.
Таа досега не го објави јавно договорот за украсување, а истиот не е објавен ниту на сајтот на Бирото за јавни набавки, но затоа ќе мора да им даде отчет на инспекторите од Управата.






