(ВИДЕО) Над 20 лица повредени во експлозија во хотел во Тексас

Најмалку 21 лице е повредено во експлозија во хотел во САД, пренесува Си-ен-ен.Експлозијата се случила во хотелот „Сендман Сигначр“ (Sandman Signature) во центарот на Форт Ворт во американската сојузна држава Тексас.

Според портпаролот на „МедСтар“, службата која обезбедува итни медицински услуги и управува со амбулантните возила во областа, едно од повредените лица е во критична состојба, четири се во тешка состојба, а други се со полесни повреди, пренесува Си-ен-ен.

Портпарол на противпожарната служба во Форт Ворт, Крег Тројачек вели дека причината за инцидентот била „некаква експлозија на гас“, но оти сè уште работат на проверка на причината. Тој додава дека инспекторите работат на утврдување што го предизвикало инцидентот во хотелот – кој е во близина и на градското собрание и на градскиот конгресен центар.

Во видео објавено на социјалната мрежа Икс има апел од полицијата до жителите на градот да го избегнуваат централното градско подрачје.

Тројачек додава дека противпожарните екипи работат на проверка на сите 26 соби во хотелот во кој имало гости.

Гувернерот на Тексас Грег Абот во изјава вели дека државните службеници се во контакт со властите во Форт Ворт и се подготвени да испратат дополнителна помош доколку е потребно.

„Државата Тексас е во близок контакт со градоначалникот и полицијата во Форт Ворт за да помогнат во напорите за одговор при итни случаи по трагичната експлозија во хотелот“,рече гувернерот Абот, пренесува Си-ен-ен.

 

Back to top button
Close