Илјадници возила блокирани во Франција поради снег
Илјадници возила утринава останаа заглавени на патиштата околу Париз поради снегот, а на патот А13 се случија неколку сообраќајни несреќи.

Снегот што синоќа падна во парискиот регион предизвика значителни прекини во сообраќајот југозападно од Париз.
Францускиот министер за транспорт, Клеман Бон, на социјалните мрежи повика на „најголема претпазливост“ и изјави дека е мобилизирана целата механизација за расчистување на снегот.






