ФОТО+ВИДЕО: Пукање во Клиничката болница во Тетово, двајца се ранети

Според првичните информации од терен вечерва имало пукање во Ургентниот центар во Клиничката болница во Тетово. Двајца се ранети и веднаш се пренесени во операциона сала, пренесе Слободен печат.

 

фото: Слободен печат

Денеска околу 18 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавено е дека пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница било пукано во две лица од тетовското село Гајре, кои се здобиле со прострелни рани. Служби на СВР Тетово и јавен обвинител се на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат во врска со случајот.

 

 

фото: Слободен печат

Инаку, на овој случај денеска, исто така, му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето. Се работи на расчистување на случајот.

фото: Слободен печат

Back to top button
Close