Германија во шок по откриетието за тајна средба на екстремната десница на која се заговарало протерување на “несоодветно” асимилирани германски државјани
Ако има една работа за која повеќето Германци можат да се согласат, тоа е дека никогаш повеќе нема да му се вратат на нацизмот.

Па сепак Германија е неделава во шок по откритието за тајна средба во близина на Потсдам на десничарски екстремисти и политичари и од Алтернатива за Германија (AfD) и од десницата на демохристијаните, каде што некои учесници предлагале депортирање на секој што се смета за странец кој живее во Германија – група која вклучува мигранти со германско државјанство.
Нивното право на престој според овој предлог би зависело од тоа дали тие биле соодветно „асимилирани“ во германското општество.
Веста за состанокот, која беше откриена од истражувачката платформа Correctiv со седиште во Берлин, ги предизвика најголемите протести што се случиле во Германија во последниве години, при што десетици илјади Германци излегоа на улиците во градовите за да го изразат својот револт од овој таен состанок кој наликува на политиката од 30-тите години од минатиот век.
Иако ставот за мигрантите на AfD не е баш тајна, амбиентот на состанокот – луксузен рурален хотел во шумата во близина на Потсдам – и списокот на гости, кој не се скинхедси, туку лекари, адвокати и претприемачи го вклучи алармот.
Еден од околу дваесетина присутни беше Роланд Хартвиг, личен советник на ко-лидерот на AfD, Алис Вајдел.
За многумина собирот предизвика спомени од озлогласената Конференција во Ванзи, состанок во 1942 година во вила крај езерото недалеку од хотелот Потсдам, каде што нацистите го планираа Конечното решение за геноцидот врз Евреите.
Друг вознемирувачки детал е што мозокот на планот за депортација бил австриецот Мартин Селнер, десничарски екстремист и поранешен водач на таканареченото идентитарно движење, кое има силни врски на неонацисти.
Борјан Јовановски






