Академијата на Алијанса за Албанците со поддршка за лидерот на партијата – Арбен Таравари
Потписниците во писмото велат:
„Изразуваме целосна доверба и безрезервно го поддржуваме лидерот на Алијансата за Албанците, д-р Арбен Таравари, на патот што го трасираше за да се направат сигурни промени во албанскиот политички блок.
Тие сметаат дека земјата е во сериозна социјална, морална и економска криза и дека главната одговорност и катализатор на оваа криза е Демократската унија за интеграција, која речиси континуирано владее над две децении. Велат дека ваквата состојба не смее и не може да продолжи и дека сега е една прилика која се пружа еднаш во животот за голема политичка промена, сигруна промена.
На крајот од писмото се вели:
„Др. Арбен Таравари е надеж. Се надеваме дека сè уште има политички лидери кои се водат од етички принципи и кои имаат убедување и политичка верба зад кои стојат бескомпромисно. Убедени сме дека др. Арбен Таравари ќе чекори по вистинскиот пат, по патот што го трасираше Арбен Џафери и ќе доведе до пресврт на реалноста на Албанците во Северна Македонија“.