Пензионер 34 години се преправал дека е слеп и добивал инвалидска помош!

Маж од околината на Торино, кој има 84 години, бил фатен во невидена измама кога полицијата открила дека тој сам се шетал по улица без слепо помагало и читал постери за погреб, но и вадел пари од банкомат.

Истрагата започна пред неколку месеци по пријава за лажно слепо лице. Полицијата почнала да го следи што на крајот довело до тоа неодамна да биде пријавен кај правосудните органи за кривично дело – тешка измама против државата.

Локалниот суд нареди превентивно одземање на 90.000 евра што ги имал на својата банкарска сметка и станот во Пиемонт. Доколку биде прогласен за виновен, ќе мора да ги врати сите пари што ги добил во текот на 34-те години на наводниот инвалидитет.

На суд завршиле и двајца лекари кои во 2020 година изјавиле дека состојбата му се влошила до целосно слепило завршиле на суд.

Пензионерот веќе добивал паричен надоместок бидејќи, наводно, имал тешко оштетување, на видот, а потоа, пред четири години му било дијагностицирано целосно слепило.

Сличен инцидент се случи пред неколку години во Торино кога друг пензионер, кој се водел како целосно слеп, бол виден како работеи во градината каде што дури и возел мало комбе. По него тргнала и полицијата и го затекнала како застанува да чита погребни плакати на улица.

Back to top button
Close