Њујорк се подготвува за снежна бура: Наставата ќе биде онлајн, издадени се итни предупредувања
Државните училишта во Њујорк oд денеска се префрлаат на онлајн настава поради најавеното зимско невреме, најави градоначалникот, Ерик Адамс.

Националната метеоролошка служба претходно објави дека зимската бура ќе ја погоди областа од централна Пенсилванија до Њујорк и дека најверојатно најтешко ќе биде погодена областа северно од Њујорк, пишува Њујорк Тајмс.
Се очекува дождот да премине во снег во текот на вечерта, а во делови од Њу Џерси и јужен Конектикат се прогнозира повеќе од 8 сантиметри снег






