Тони Цетински се спружи на сцената
Музичката ѕвезда Тони Цетински падна на сцената додека ја пееше песната „Нека те одведе“..
Во еден момент ја пушти публиката да го пее рефренот, а потоа ги рашири рацете и падна на подот. Колегите од сцената притрчале на помош, па тој набрзо станал и продолжил да пее.
Цетински објави видео од концертот и се пошегува на своја сметка, а во описот објасни што се случило.
„Сакав да се фрлам во публиката, кореографијата не ми оди баш. Но затоа продолжувам да пеам како ништо да не се случило“, напиша тој и додаде: „Ако сакате да видите како се уште се пее и танцував во Арената, следете нѐ. Се гледаме на мојот роденден во Арена Загреб на 31 мај 2024 година“, напиша пејачот во описот на видеото објавено на социјалната мрежа Инстаграм.