Ванковска: Се соочуваме со непринципиелни сопки, бараме еднаква можност да се презентираме
Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска денеска укажа на недоследности во собирањето на потписи и побара сите кандидати да имаат еднаква можаност за презентирање.
Ванковска на денешната прес-конференција рече дека вчера апелирале до Државната изборна комисија (ДИК) дека во неколку подрачни единции, во разни локални средини, пристапот до канцелариите е отежнат особено за лица со инвалидитет и повозрасни. Според Ванковска, вакви проблеми имало во Штип, но и во Општина Карпош и најави дека имаат подготвено барање кое веднаш ќе го достават до ДИК.
„Во Општината Карпош каде по еден така нагорен пат по едни скалички треба да се искачат граѓаните, прво тешко е да се најде локацијата, но кога ќе се најде има скали кои се тешки за граѓаните кои имаат проблем, добив информација дека токму во Карпош во подрачната единица снемало струја и сега ние треба да веруваме дека тоа е случајно“,рече Ванковска