Скопјанец ја прелетал пола Европа со стариот пасош, па искуството го сподели јавно
Скопјанецот Марко Илиевски го сподели искуството на социјалните мрежи откако со стариот пасош на кој пишува “Република Македонија“ успеал да стигне во Македонија без никој да му направи проблем
Во неговиот пост тој напиша дека патувал од Лас Палмас – Мадрид, Мадрид – Софија, Софија – Скопје со стар пасош иако од нашата амбасада во Мадрид го убедувале дека му треба патен лист.