За Песков неизбежен е конфликт со НАТО ако Алијансата испрати војници во Украина, Столтенберг ja отфрла можностa

Кремљ предупредува дека конфликтот меѓу Русија и воената алијанса НАТО предводена од САД ќе стане неизбежен доколку европските членки на НАТО испратат војници да се борат во Украина, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека доколку предлогот на Макрон се реализира ќе биде можен и директен конфликт со НАТО.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера, истакнувајќи го својот став, ја отвори вратата со цел европските нации да можат да испраќаат војници во Украина. Сепак, тој предупреди дека за таков чекор сè уште нема консензус, барем не во оваа фаза, бидејќи сојузниците се согласиле да ги зголемат напорите за испорака на повеќе муниција во Киев.

„Самиот факт на дискусија за можноста за испраќање одредени контингенти во Украина од земјите на НАТО е многу важен нов елемент“изјави Песков.

На прашање кои би биле ризиците од директен конфликт Русија и НАТО, доколку неговите членки испратат свои војници да се борат во Украина, Песков рече дека во тој случај треба да се зборува за неизбежен директен конфликт.

„Во тој случај, не треба да зборуваме за веројатноста, туку за неизбежноста на директен конфликт“ рече тој.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за Асошиејтед прес изјави дека воената алијанса не планира да испрати борбени трупи во Украина.

Според него, сојузниците на НАТО обезбедуваат голема поддршка на Украина.

„Тоа го направивме од 2014 година, а поддршката ја засиливме по целосната инвазија. Но, нема планови за борбени трупи на НАТО на теренот во Украина“ рече Столтенбер.

Back to top button
Close