ВИДЕО: Тимот на Навални: Возачите на погребни возила одбиваат да го однесат телото на гробиштата во Москва

Обидите да се ангажира погребно возило за да се однесе телото на телото на Алексеј Навални за да биде погребан биле спречени од непознати лица соопштиja вчеравечер претставниците од неговиот тим, пренесува Си-ен-ен.

Портпаролката Кира Јармиш тврди дека возачите кои требало да го управуваат погребното возило со телото на Навални, како што посочи, биле повикани од непознати луѓе, кои им се заканувале да не го превезуваат телото на Навални.

Јармиш рече дека ѝ било кажано дека ниту едно погребно возило не се согласува да го однесе телото до неговото почивалиште.

Тимот на Навални, исто така, наиде на тешкотии да ангажира превоз за неговиот погреб, кој треба да се одржи денеска во 14 часот по локално време во црква во московскиот кварт Марино, каде што живеел лидерот на опозицијата.

Потоа тој ќе биде погребан на гробиштата „Борисов“.

На социјалната мрежа Икс е објавено видео од улиците на Москва на кое се гледа како уште од рано наутро колона од полициски камиони се упатува кон црквата каде што ќе биде извршена комеморација за Навални.

Инаку, според Си-ен-ен, тимот на Навални со соочи со многу предизвици додека го организираше неговиот погреб. Многу компании им ги одбиле резервациите откако ќе се споменело името на Навални, додека на едно место експлицитно им рекле дека им е забрането да работат со тимот на Навални, за што јавно зборуваше и Јармиш

Back to top button
Close