(ВО ЖИВО) Погребот на Навални се пренесува во живо – Телото на е предадено на семејството

Поранешниот руски опозициски лидер Алексеј Навални треба да биде погребан денеска, но членовите на неговиот тим тврдат дека сè уште се соочуваат со тешкотии при организирањето на церемонијата.

Телото на Навачни е предадено на семејството. Илјадници луѓе тргнаа кон црквата на периферијата на Москва за да му оддадат последна почит на рускиот опозициски лидер и покрај заканите и полициските бариери.

Погребот на Навални треба да се случи во Маржино, на периферијата на Москва. Планот е комеморацијата да започне во 14:00 часот по московско време (12:00 часот по средноевропско) во црквата.

Погребот треба да се изврши на блиските гробишта Борисовскоје во 16:00 часот по московско време. Погребот ќе се пренесува во живо на Јутјуб каналот на Навални. Навални почина на 16 февруари во руски затвор во Арктичкиот круг.

Back to top button
Close