(ВИДЕО) „ВМРО-ДПМНЕ е безидејна партија, краде авторски видео материјали за пропагандни спотови“

„ВМРО-ДПМНЕ е позната по немањето став за клучните прашања, по немањето план за иднината, но позната е и по тоа што е безидејна партија. Еден од низата докази за тоа е едно од нивните последни пропагадни видеа, каде тенденциозно и бесрамно се украдени кадри од видео објавено од претседателот Стево Пендаровски“ соопштуваат од тимот на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Оттаму велат дека „во пропагандното видео на ВМРО-ДПМНЕ објавено на официјалната страница на Христијан Мицкоски неовластено се користат видео кадри од промотивно видео на Пендаровски од посетата на неговиот кабинет од страна на ученици од средното училиште `Никола Карев` која се случи во април 2022 година“.

„Цели сцени каде се појавуваат припадници на Батаљонот за почести во Армијата неовластено се преземени од видеото објавено кај претседателот Пендаровски и искористени во пропагандно видео на ВМРО-ДПМНЕ. Драго ни е што на ВМРО-ДПМНЕ им се допаднало видеото на претседателот Пендаровски, но тоа што неовластено преземале кадри, покажува дека оваа партија не е кадарна ниту да направи автентично видео, а не пак нешто повеќе“ се вели во соопштението.

Back to top button
Close