Аортата доби статус на посебен орган во човековото тело


Аортата – главната и најголемата човекова артерија што носи крв од срцето до остатокот од телото, доби нов статус во медицината. Имено, таа е призната како посебен орган во човековото тело. Тоа веќе важи во земјите на Европска Унија и во САД, откако дефиницијата е утврдена во упатствата на Европската асоцијација за кардиоторакална хирургија (ЕАКТС) и американското Здружение на торакални хирурзи (СТС).

– Ова е голем чекор. Признавањето на аортата како орган ја става на исто ниво со другите органи – срцето, белите дробови и мозокот, изјави Мартин Черни од Универзитетската болница во Фрајбург, Германија.

Оваа одлука прави разлика и за пациентите, бидејќи клиничкиот процес за многу од нив кои се лекуваат од аортна болест веројатно ќе биде различен и, со надеж – пооптимален отсега натаму.

Досега беше вообичаено болестите на аортата да се третираат или во кардиохирургијата или васкуларната хирургија, зависно од видот и местоположбата.

– Новите упатства јасно препорачуваат третман на аортата како дел од посебно медицинско поле. Тоа треба да се поврзе со други слични области на медицината. Сѐ тоа ќе го подобри лекувањето на руптури на аортата и други сериозни болести, појасни Черни.

Аортата е одговорна за пренос на крв со кислород од срцето до телото. Овој голем крвен сад е најголемата артерија во телото и се протега од левата комора до садовите во карличната област. Исто така, има значајна улога во регулирањето на крвниот притисок и брзината на протокот на крв.

Back to top button
Close