Лефков: Пендаровски е директно виновен за состојбата во судството – еднаш вели дека е за резибор на судии , друг пат против

Пендаровски да се договори со Стево дали поддржува или не лустрација и генерален реизбор на судии и обвинители, порача пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков, обвинувајќи го претседателот на државата и кандидат за уште еден мандант поддржан од СДСМ, како директен виновник за состојбата во судството.

„Стево Пендаровски е директно виновен за состојбата во судството. Пендаровски се однесува политички опортуно, без да ја има в предвид реалната состојба. Еднаш кажува дека ја поддржал одлуката на ЕУ, да нема генерален реизбор, а кога СДС требаше да прави политички прогон, ги заплашуваше со генерален реизбор судиите и обвинителите за да ги впрегнат во јаремот на СДС за политички прогон“,порача Лефков.
Според Лефков, епилогот седум години потоа се гледа – 2% доверба во судството, политички монтирани случаи и граѓани кои ја напуштаат државата поради немањето систем.

„И додека вршеа политички прогон, ова судство и обвинителство ги аболираше сите нивни функционери. Од Ден Дончев кој избега, преку Драги Рашковски и Катица Јанева кои повеќе се надвор отколку во затвор до сите криминалци блиски до нив“,додаде Лефков

Back to top button
Close