Били Ајлиш – најмладата личност која освоила два „Оскара“

Американската поп-пејачка Били Ајлиш на свои 22 години стана најмладата личност со два освоени „Оскари“, и тоа за најдобра филмска песна, откако на синоќешното доделување го доби признанието за нумерата од филмот „Барби“.

(Photo by Kevin Winter/Getty Images)

Ајлиш го дели одличјето со својот брат Финес О’Конел (26), кој со тоа стана втората најмлада личност која двапати ја добила оваа престижна награда. На тој начин и двајцата го надминаа рекордот на Луиз Рајнер, која во 1936., на 26-годишна возраст освои „Оскар“ за најдобра женска улога, а истата награда ја освои и следната 1937 година.

Били Ајлиш и Финес оваа година освоија Оскар за песната „What Was I Made For?“. А пак, првиот „Оскар“ го добија во 2020 година за песната „No Time to Die“ од филмот за Џејмс Бонд

Back to top button
Close