ВМРО ДПМНЕ: Приведен директор од Радовиш – пијан нападнал полицајци

Александар Филев, директор на меѓуопштинскиот центар за социјални работи, кој минатиот месец, во Штип беше фатен и приведен од полицијата, за недозволена трговија со дрога, повторно со нов испад, овој пат со напад на полицајци, во алкохолизирана состојба, во полициската станица во Радовиш, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На 08.03.2024 година во 19:15 часот во ПС Радовиш, е приведено лицето Филев Александар, актуелен директор на ЦСР Радовиш, во врска со пријавен настан за нарушен јавен ред и мир, кој бил видно под дејство на алкохол и во ПС Радовиш, упатил закани, кон двајца полициски службеници, како и кон нивните фамилии и во 20:00 часот е лишен од слобода, за кривично дело, загрозување на сигурноста, по член 144, став 3 од КЗ.

-Александар Филев е учесник и поддржувач на партиските активности на СДС, а како доказ за тоа, се многуте фотографии, на кој Филев е заедно со највисоките функционери на СДС, на социјалните мрежи. Ова ли се кадрите на СДС, со кои Македонија ќе ја внесува во ЕУ? Со помош на вакви кадри, СДС направи хаос во последните 7 години, каде Македонија ја направија бесправна и нефункционална држава. Народот ќе си ја врати државата на 8-ми мај, кој народ, со право во моментов мисли дека ја нема. Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close