50-годишник од Албанија злоставувал малолетно девојче

Полицијата во Гостивар привела 50-годишник од Албанија кој во два наврати злоставувал малолетно девојче. Случајот го пријавил таткото на девојчето.

„На 18.03.2024 околу 20.00 часот на улица „Гоце Делчев” во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 50-годишниот А.Т. од Република Албанија. Тој претходно бил пријавен од 54-годишен гостиварец дека на 14 и 15 овој месец во Гостивар, во два наврати, се доближувал на неговата малолетна ќерка и ја допирал по телото. А.Т. е задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува соодветен поднесок“ – информираат од МВР.

Back to top button
Close