Се јави директорот на клиниката во која се оперираше Мидлтон: Драстични мерки за нарушување на приватноста на принцезата
Директорот на клиниката во Лондон, Ал Расел, издаде соопштение во кое вети дека ќе спроведе темелна истрага за тврдењата дека персоналот во клиниката се обидел да пристапи до приватните медицински досиеја на војвотката Кејт Мидлтон.
Расел истакна дека сите вработени во клиниката мора да ги почитуваат професионалните, етичките и законските обврски кон доверливоста на пациентите и дека ќе ги преземат сите неопходни чекори за зачувување на интегритетот и довербата на пациентите и колегите.
Обвинувањата за наводниот обид за пристап до приватните медицински досиеја на Кејт Мидлтон од страна на персоналот на клиника во Лондон прв ги објави Дејли Мирор.
Канцеларијата на комесарот за информации на Обединетото Кралство потврди дека примила извештај за прекршувањето и во моментов ги истражува тврдењата.
Директорот на клиниката Ел Расел посочи дека за вакво однесување нема место во нивната институција и дека ќе ги преземат сите неопходни чекори за да се утврдат фактите и да се спречат слични инциденти во иднина.