ВМРО-ДПМНЕ: Асаф Еисин и групата од која е дел се под истрага во повеќе земји
Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ му ја ставиле на располагање Агенцијата за разузнавање водена од Еролд Муслиу, на Асаф Еисин, за каде имаме сомнение дека се фалсификувале документи против ВМРО-ДПМНЕ, а кои се објавуваат во јавност, како наводна вистина, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Главен нарачател е Пендаровски и Ковачевски, а Зечевиќ е посредникот преку кого одат исплатите. Јавно прашуваме како се исплаќа Асаф Еисин, дали во кеш и дали за тоа се користат парите стекнати преку тендерите во РЕК Битола?
Асаф Еисин е припадник на групата на Тал Ханан, која е предмет на истраги ширум светот за мешање во изборни процеси, местење и фалсификување. Од Франција до Африка и од Латинска Америка до Индонезија. СДС влегле во врска со белосветски мешетари, околу кои се повеќе се стеснува обрачот.
И Асаф Еисин и Пендаровски, Ковалевски и Зечевиќ треба да знаат дека ќе одговараат и во Македонија за сите конструкции и криминали кои ги направиле и ги прават.
Никој не може да ги запре промените. Македонија повторно ќе биде на народот. Промените се во рацете на граѓаните“ порачаа од партијата